Трамп ги шокирал ФБИ: Веднаш објавете ги податоците за наводното мешање на Русија во изборите во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му наложил на Федералното Истражно Биро - FBI, итно да ја отстрани ознаката за тајност од дополнителните информации поврзани со истрагата за можното мешање на Русија во изборите..

Трамп, исто така, му наложил на Министерството за правда да ги објави текстуалните пораки поврзани со истрагата за Русија, но без измените кои во тие пораки ги внеле директорот на ФБИ Џејмс Коми, поранешниот заменик директор на ФБИ Ендру Мекејб, како и други поранешни и сегашни службеници на Министерството за правда. 

Меѓу тие службеници од Министерството спаѓа и неодамна сменетиот агент на ФБИ Петер Стржок, кој се нашол на удар на критики поради праќање на текстови во кои се омаловажува Трамп како претседателски кандидат.

ФБИ одбил да коментира, Министерството за правда рекло дека работи на извршување на налогот на претседателот, а еден инсајдер, кој зборувал за "Reuters" под услов на анонимност, рекол дека двете институции се во шок и дека не знаат што ќе се случи со обелоденетите информации.

Минатата година Министерството за правда почнало истрага за наводното руско мешање во претседателските избори во 2016. година, на кои Трамп победил, а американските медиуми од тогаш константно го прозиваат претседателот поради "руските врски"

Демократскиот конгресмен Адам Шиф тврди дека Трамп со оваа наредба ги злоупотребува овластувањата и дека тоа значи преминување на црвената граница на ФБИ, а републиканскиот конгресмен Мат Гец вели дека со објавените документи конечно ќе му се покаже на американскиот народ систематската корупција и злоупотребата на највисоко нив во Министерството за правда и ФБИ, вклучувајќи ја и употребата на разузнавачките служби за партиски пресметки.

"Опасноста е во тоа што објавувањето на тие документи, посебно ако тие навистина покажуваат дека одлуките биле политички мотивирани, покажува дека на американската влада не може да и се верува дека ќе ги чува своите тајни. А многу луѓе во тој случај нема да сакаат да ги ризикуваат своите животи и животите на своите семејства", објаснува инсајдерот на кој "Reuters" се повикува.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top