Трамп го исфрли шефот на кабинет бидејќи кашлал за време на интервју

Подоцна се дозна дека лицето кое кашлало бил шефот на кабинетот на Трамп, Мик Малвејни..

За време на интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп за телевизиската мрежа Еј-Би-Си, во еден момент се слушнало кашлање во позадина, поради што првиот човек на САД го прекинал разговорот.

Американскиот претседател беше среде објаснување за неговите даночни проблеми кога се слушнало кашлање од непознат човек. Изиритираниот Трамп веднаш го прекинал разговорот и му наредил на тоа лице веднаш да го напушти Овалниот кабинет.

– Тој кашла среде мојот одговор. Тоа не ми се допаѓа. Ако кашлате, ве молам, напуштете ја просторијата – рече претседателот на САД.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top