Трамп го исполни библиското пророштво: Се завојува на Блискиот исток, во Светата земја се леат реки крв

Американскиот претседател Доналд Трамп, го исполнил "Библиското пророштво", селејќи ја амбасадата на САД во Ерусалим..

Водителката на "Fox News", Џенин Пиро, го кажала ова, јавувајќи се од Ерусалим и го споредила Трамп со древниот крал Кир. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на сличен начин ја прокоментирал одлуката на американскиот претседател да ја премести амбасадата од Тел Авив. 

Доналд Трамп ја признава историјата. Тој е како кралот Кир пред него, го исполнил библиското пророштво дека Евреите, христијаните и муслиманите го следеле Бог и дека Ерусалим е вечна престолнина на еврејската дражва, како и дека еврејскиот народ конечно заслужува праведен, слободен и суверен Израел", рекла Пиро.

Потсетуваме, израелските сили убиле повеќе од 50 луѓе, а раниле повеќе од 1.800 Палестинци кај граничната ограда на Израел со појасот Газа, каде денес, пред отворањето на американската амбасада во Ерусалим, Палестинците се собирале на големи протести.

Да потсетиме, Кир, познат и како Кир Втори, го основал Ахеменидското царство во шестиот век п.н.е. Во текот на своето владеење го проширил царството на поголем дел од југозападна и централна Азија, од Египет и Босфор на запад, се до реката Инд на исток, и го создал првото и најголемо царство на античкиот период. Во текот на три децении владеење, овој владетел победил и покорил некои поголеми кралства од тоа време.

Според Херодот, загинал во битката против Скитите во летото 530. или 529. година п.н.е. Го наследил синот Камбиз Втори, кој го освоил Египет во текот на краткото владеење. Кир наводно, бил следбеник на зороастријската религија. Кир покрај влијанието на иранската историја, силно влијаел и на еврејската религија, човековите права, воената стратегија, политиката и воопшто на источната и западната цивилизација.

Единствен познат пример за религиската политика на Сајрус е неговиот однос кон Евреите во Вавилон. Библијата тврди дека остатокот од еврејското население било вратено од Вавилон во Ветената земја, и дека Кир наредил обнова на храмовите во Ерусалим. Евреите го славеле како достоинствен и легитимен крал. Кир е единствен не-евреин опишан како месија во Стариот завет.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top