Трамп го испраќа зетот на Блискиот исток

На Блискиот исток ќе биде испратена и заменичката на советникот за национална безбедност.

Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро на Блискиот исток ќе ги испрати својот зет, Џеред Кушнер, и преговарачот, Џејсон Гринблат, за таму да се сретнат со регионалните лидери и да разговаат за „патот кон суштински израелско-палестински мировни преговори“, најави денеска претставник на Белата куќа.

„Иако регионалните разговори имаат значајна улога, претседателот потврдува дека за мирот меѓу Израелците и Палестинците може да се преговара само директно меѓу двете страни и дека САД ќе ја продолжат блиската соработка со страните за да се постигне напредок во тој правец“, рече претставникот на Белата куќа, пренесуваат британските медиуми.

На Блискиот исток ќе биде испратена и заменичката на советникот за национална безбедност, Дина Пауел, а на тој пат предвидени се состаноци со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Египет, Израел и Палестинската управа, додаде претставникот на Белата куќа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top