Трамп го повика Apple да ги произведува своите производи во САД, а не во Кина

Претседателот на САД Доналд Трамп повика Apple да ги произведува производи во САД, наместо Кина , за да избегне последиците од трговската војна со Пекинг , информира АФП..

Американскиот лидер постојано ги  повикува компаниите да го вратат производството во САД или да го задржат во САД, додека во исто време прифаќа агресивни трговски активности за намалување на американскиот трговски дефицит.

“Цените на Apple можат да нараснат поради огромните давачки кои можеме да ги  наметнеме на Кина, но има и лесно решение, при што ќе има нулта даноци и дури даночни отстапки “, напиша Трамп на “Твитер”.

“Произведувајте го вашето производство во САД наместо во Кина – започнете да градите нови производи“  , додаде тој.

Но, според AFP, повисоките трошоци за плати во САД може да влијаат на Apple.

Администрацијата на Трамп воведе данок од 50 милијарди долари на кинески стоки и се закани дека ќе наметне давачки за целиот кинески увоз. Пекинг одговори реципрочно.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top