Трамп го повика Конгресот да го одобри финансирањето на ѕидот

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика во вторникот Конгресот да одобри 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот на границата со Мексико, меѓутоа сепак не прогласи вонредна состојба коешто би овозможило еднострано да го одобри финансирањето..

За да ја обезбеди поддршката на демократите и јавноста за своето предизборно ветување поради кој сојузната влада делумно е блокирана веќе 18 дена, претседателот Доналд Трамп во обраќањето до нацијата од Овалниот кабинет во Белата куќа остакна дека на американската јужна граница е се’ поголема безбедносната и хуманитарна криза.

Меѓутоа, иако со денови навестуваше дека би можел да ги искористи своите претседателски овластувања и да прогласи вонредна состојба на границата за да ги пренасочи парите за изградба на ѕидот без одобрување од Конгресот, се чини дека американскиот претседател, сепак, подготвен да ги продолжи преговорите со челниците на републиканците и демократите во Конгресот. Трамп говорот го искористи ситуацијата на јужната граница да ја опиша како „хуманитарна криза на срцето и душата“, пренесува агенцијата DPA. Рече дека на границата се запираат и апсат криминалци кои сториле илјадници злосторства, како и дека „илјадници животи ќе бидат загубени доколку веднаш не се дејствува“.

„Колку уште американска крв ќе биде пролиена за Конгресот да ја одработи својата работа“, рече Трамп наведувајќи убиства коишто, како што рече, ги сториле илегалните имигранти. Додаде дека трагичната реалност на илегалната имиграција на јужната граница претставува неконтролан тек на трговија со луѓе и дроги. „Тоа е круг на човечко патење коешто мојата администрација е решителна да го прекине“, истакна Трамп.

Члениците на демократите рекоа дека Трамп ја измислува кризата на границата за да ги оствари своите „фикции“. Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, од Демократската партија, рече дека претседателот Трамп ја држи владата како заложник поради својата „фиксација“ Американците да го финансираат, како што рече, „скапиот и бескорисен“ пограничен ѕид. Водачот на сенатското демократско малцинство Чак Шумер го обвини Трамп дека ја „измислува кризата“, и го повика да го потпише документот за привременото финансирање, и го повика да го потпише документот за привременото финансирање финансирање на сојузната влада, за да може да продолжат преговрите.

Претседателот Трамп во четвртокот ќе ја посети границата со Мексико и засега не е јасно дали таму можеби ќе прогласи вонредна состојба.

Демократите го отфрлија барањето на Трамп да одобрат 5,7 милијарди долари за градење на ѕидот. Поради тоа пропаднаа преговориет за финансирање на владата, па неколку владини агенции мораа да прекинат со работа, а 800.000 јавни службеници се на принуден колективен одмор или работат без плати. Во острите преговори со демократите минатата седмица во Белата куќа, американскиот претседател рече дека блокадата на владата би можела да потрае со месеци или дурии со години.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top