ТРАМП И КИМ ЏОНГ-УН ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО МАЈ

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун и Доналд Трамп лично ќе се сретнат во мај, беше официјално потврдено, што претставува историски пресврт по месеци и месеци непријателска реторика..

Оваа вест ја објави Чунг Еуи-Јонг, специјалниот советник за национална безбедност на претседателот на Јужна Кореја, кој пред неколку дена имаше средба со Ким во Пјонгјанг. Тој на Белата куќа ѝ ја пренесол пораката на Ким дека Северна Кореја е посветена на денуклеаризација и дека ќе ги замрзне нуклеарните тестирања и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-Ин, кажа дека ова дојде како вистинско чудо.

„Доколку Трамп и Ким се сретнат по меѓукорејскиот самит, целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров ќе може да почне да се остварува“, изјави Мун.

Трамп го опиша развојот на настаните како голем напредок, додавајќи дека санкциите кон Северна Кореја ќе останат на сила додека не се постигне цврст договор.

Засега нема навестувања каде ќе се одржи овој состанок, но Ким и Мун претходно ќе се сретнат во пограничната демилитаризирана зона.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top