Трамп и Макрон имаа телефонски разговор за ситуацијата со Иран

Двајцата претседатели „разговараа за тековните напори за гаранциите дека Иран нема да се стекне со нуклеарно оружје и да се стави крај на дестабилизирачкото однесување на Иран на Блискиот исток”..

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон за иранската нуклеарна програма, пренесува дописникот на МИА.

Двајцата претседатели „разговараа за тековните напори за гаранциите дека Иран нема да се стекне со нуклеарно оружје и да се стави крај на дестабилизирачкото однесување на Иран на Блискиот исток”, се вели во соопштението на Белата куќа, кое беше објавено во француските медиуми.

Елисејската палата го испраќа дипломатскиот советник Емануел Бон во Иран каде ќе треба да работи на „деескалацијата”. Тој во Иран ќе се задржи следните два дена. 

Оваа одлука на францускиот претседател дојде откако Техеран почна да го збогатува ураниумот на ниво забрането со нуклеарниот договор, како одговор на едностраното повлекување на Вашингтон.

Во саботата вечерта, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сака „да ги испита до 15 јули условите за продолжување на дијалогот со сите страни”.

-Ние сме во многу критична фаза, бидејќи постои интерес на двете страни да го зголемат притисокот, се вели од Елисејскаат палата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top