Трамп: Иран сака средба со САД

Американскиот претседател Доналд Трамп, пред да отпатува за Балтимор, синоќа изјави дека Иран сака средба со САД..

Тој не ја исклучи можната за олеснување на санкциите кон Техеран за да се отвори патот за средба со иранскиот претседател Хасан Рохани.

Неодамна Трамп изјави дека е можна средба, но иранскиот претседател ја условил со укинување на санкциите за Иран.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија минатта година, откако САД се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и воведоа санкции за Техеран.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top