Трамп испраќа вооружени војници на границата со Мексико

„Подобро е повеќе да не се повтори. Сега испраќаме вооружени војници на границата“, вели Трамп..

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико. Тој рече дека сега испраќаат вооружени војници на границата и го повика Мексико да го запре новиот миграциски бран упатен кон САД.

„Многу голем карван од над 20.000 луѓе тргнал од Мексико“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој рече дека мексикански војници неодамна извадиле оружје против Американци од Националната гарда, а инцидентот најверојатно бил тактика за пренасочување на вниманието од наркодилерите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top