Трамп ја обвини Германија дека е заробеник на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на самитот на НАТО во Брисел, ја обвини Германија дека е заробеник на Русија бидејќи од Москва купува струја..

„Германија е заробеник на Русија. Тоа е многу несоодветно“ порача Трамп на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, што е прв состанок од неговото пристигнување во Брисел.

Трамп пристигна во Брисел за да се пожали дека од САД се очекува да ги брани своите сојузници од Русија, додека Германија ѝ исплаќа милијарди долари за струја на Москва.

„Сметам дека тоа е нешто, со кое НАТО треба да се позанимава“ рекол Трамп.

Столтенберг ги отфрлил коментарите на Трамп, потенцирајќи дека додека има различни мислења во Алијансата, членките се посилни заедно, отколку да бидат одделно.

Но, Трамп прашал како може НАТО да биде посилна, кога Германија ја прави Русија побогата.

Коментарите на Трамп следат по неговото пристигнување на самитот на НАТО, каде се очекува да се сретне со сојузниците и да се фотографира со нив.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top