Трамп ја откажа посетата на Полска поради ураганот Доријан

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Полска поради ураганот Доријан, кој се приближува кон Флорида..

Трамп рече дека е важно тој да биде во Вашингтон за да се справи со последиците од невремето.

„Нашиот најголем приоритет е безбедноста на американскиот народ, кој се наоѓа на патот на ураганот“, рече Трамп.

Тој додаде дека за својата одлука го информирал полскиот претседател Анджеј Дуда во четвртокот и му пренел дека планира да патува за Полска во „блиска иднина“, пренесува АП.

Трамп требаше да се упати во Варшава во саботата за да присуствува на комеморацијата на 80-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна.

Американскиот претседател рече дека наместо него, во Полска ќе патува потпретседателот на САД, Мајк Пенс.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top