Трамп ја предупреди Русија да не се меша во изборите

Трамп испрати порака до Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров..

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупредил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за „какво било мешање“ во изборите во Соединетите држави и побара Москва да го реши конфликтот со Украина“. 

Ова се наведува во соопштението на Белата куќа по средбата меѓу Трамп и Лавров во Вашингтон. 

Трамп исто така побарал поддршка од Русија во убедувањето на Иран да се откаже од развивањето нуклеарно оружје. 

Лавров претходно имаше средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео по што изјавија дека имало знаци на прогрес во клучните прашања меѓу двете земји.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top