Трамп ја предупреди Турција да не ги напаѓа Курдите во Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека САД „економски ќе ја уништат Турција“ доколку Анкара ги нападне курдските сили во Сирија кои се потпомогнати од Вашингтон..

Турција се закани дека ќе ги нападне овие американски сојузници кои се борат против Исламската држава. 

Анкара пак, на Курдите гледа како на терористи. Во пораката на твитер Трамп исто така ги предупредува курдските сили да не ја провоцираат Турција. 

Трамп соопшти дека започнало долго повлекување на американските сили од Сирија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top