Трамп: Ким нема да се меша во изборите во САД

Севернокорејскиот лидер не сака да се меша во претседателските избори во САД наредната година, заклучи американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека би бил изненаден доколку Пјонгјанг дејствува непријателски..

- Ќе видиме за Северна Кореја, рекол Трамп, откако севернокорејскиот амбасадор при ОН рекол дека денуклеаризацијата не е на преговарачката маса со САД.

Трамп на новинарите во Белата куќа им рекол дека Ким знае дека претстојат избори во САД.

- Не мислам дека сака да се меша во тоа, но ќе видиме. Мислам дека би сакал нешто да се случи. Односот е многу добар, но постои извесно непријателство, нема сомнеж, рекол Трамп.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top