Трамп: Ќе ги воспоставиме досега најсилните санкции против бруталниот ирански режим

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран конечно ќе побара да преговара за новиот договор кој на земјата ќе ѝ овозможи да „напредува"..

„Ќе ги воспоставиме досега најсилните санкции против бруталниот ирански режим“, рече Трамп на митингот во рамки на кампањата неколку дена пред повторното враќање на санкциите на Техеран. „И, на некој начин, ќе се опаметат и ќе се вратат на преговорите за реалниот договор, фер договор кој ќе им овозможи да напредуваат. Им посакуваме да напредуваат“, рече Трамп во Индијана.

Врховниот лидер на Иран денеска изјави дека политиката на Трамп се соочува со отпор ширум светот, го цитираше државната телевизија, пренесе Ројтерс.

Ајатолахот Али Хамнеи додаде дека непријателските САД не успеале да доминираат со Иран од Иранската револуција во 1979 година.

„Светот се противи на секоја одлука на Трамп“, изјави Хамнеи според телевизијата. „Америка во последниве 40 години е поразена од Исламската Република“, рече тој.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top