Трамп ќе го обелодени мировниот план за Блискиот Исток и покрај палестинското отфрлање

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го објави својот долго одложуван мировен план за Блискиот Исток на 28 јануари.

На средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Овалната соба во Белата куќа, Трамп денеска рече дека неговиот план „има смисла за сите“.

„[Палестинците] веројатно нема да го сакаат на почеток“, рече Трамп.

„Но, мислам дека на крајот тие ќе... Тој е многу добар за нив. Всушност, за нив е премногу добар. Ќе видиме што ќе се случи. Сега, без нив, ние не го правиме договорот и тоа е добро“, рече тој.

Се очекува Трамп да го претстави планот на заедничка прес-конференција со Нетанјаху во Белата куќа, додека палестинските водачи изјавија дека не биле поканети во Вашингтон за презентацијата на тајниот мировен план на американскиот претседател.

Палестинскиот премиер Мухамад Штајех го нарече планот „заговор за ликвидација на палестинската кауза“.

Палестинците се плашат дека планот на Трамп ќе ги признае окупираните територии на Западниот Брег како израелска територија, кои тие ги сметаат за дел од нивната идна независна држава. Западниот Брег беше освоен од Израел во Арапско-израелската војна во 1967 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top