Трамп: Ќе испратам во Јапонија 25 милиони Мексиканци

Самитот Г7 е завршена на изненадувачки начин откако Трамп заминал порано и потоа го отфрлил заедничкото соопштение и го критикувал канадскиот премиер Џастин Трудо..

Според пишувањето на весникот кој се повикува на европските претставници, зад кулисите на самитот, колегите на Трамп биле зачудени од неговите изјави за трговијата, тероризмот и миграцијата.

Според зборовите на еден претставник на ЕУ, Трамп во еден момент ја опишал миграцијата како голем проблем за Европа, а потоа му се обратил на јапонскиот премиер на кој му рекол дека “го нема тој проблем“, но дека може да му испрати 25 милиони Мексиканци поради што многу брзо би останал без функцијата.

Друг извор наведува дека кога темата на разговор била тероризам, Трамп се свртел кон францускиот претседател Емануел Макрон истакнувајќи дека “тој би требало да знае се за тоа, бидејќи сите терористи се во Париз“.

Од канцеларијата на Макрон денеска соопштуваат дека овој медиумски извештај не е точен.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top