Трамп: Ќе му бидам најголемиот непријател на Путин доколку пропаднат договорите

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска ветил дека ќе му биде “најголемиот непријател“ на Владимир Путин, доколку неговите договори со рускиот претседател не вродат со плод..

„Ќе му бидам најголемиот непријател кој некогаш го имал“ – изјавил Трамп во интервју за „СиЕнБиСи“.

Меѓутоа, тоа истакнал дека ја цени шансата да ги унапреди односите меѓу САД и Русија, дури и после тврдењата на американските разузнавачки агенции дека Москва во повеќе навради се обидела да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година.

„Да се имаме добри односи со Путин и со Русија е позитивна работа, а не негативна“ – оценил Трамп.

Претседателот на САД истовремено го критикувал својот претходник Барак Обама дека бил целосно наивен спрема Русија, додека тој, како што тврди, има многу поцврст став спрема Москва.

„Можеби најцврст став на сите времиња“ – додал Трамп во интервјуто, направено во Белата куќа, кое во целост ќе биде емитувано во петок.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top