Трамп: Коми е докажан лажго!

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикува поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, опишувајќи го како слаба и лажна лигава топка и нарекувајќи го докажан лажго..

Изјавите на Трамп следуваат еден ден откако експлозивни извадоци од книгата на поранешниот директор на ФБИ се појавија во медиумите.

„Џејмс Комеј е докажан лажго. Практично, сите во Вашингтон мислеа дека тој треба да биде отпуштен поради ужасната работа што ја направи сè додека тој, всушност, не дозволи да се обелоденат класифицирани информации за што треба да биде гонет. Тој го лажеше Конгресот. Времето покажа дека тој беше ужасен директор на ФБИ. Неговото постапување по случајот со Хилари Клинтон и настаните за тоа ќе паднат како еден од најлошите ботови во историјата. Ми беше голема чест да го отпуштам Џејмс Коми!“, напиша Трамп на „Твитер“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top