Трамп најави карантин за државата Њујорк

Американскиот претседател Доналд Трамп ја спомна денес можноста од воведување карантин во сојузната држава Њујорк поради пандемијата на коронавирусот, но не кажа точно кога ни што таа мерка би опфаќала..

„Некои би сакале Њујорк да се стави во карантин бидејќи тука е жариштето“, кажа Трамп.

„Њујорк, Њу Џерси, можеби уште едно или две места, некои делови од Конектикат, сѐ уште размислувам“, додаде Трамп додека многу правни експерти прашуваат може ли американскиот претседател воопшто да воведе таква мерка.

Целта на тоа е „да се ограничи движењето“, одговори Трамп. „На Флорида имаат проблем бидејќи многу луѓе од Њујорк бегаат на југ. Не го сакаме тоа“.

„Тоа би било на кратко време“, кажа тој и додаде дека „многу добро комуницира“ со гувернерот на сојузната држава Њујорк Ендрју Куомо.

Одговарајќи неколку минути подоцна на новинарски прашања во врска со тоа, Куомо беше видно изненаден, кажувајќи дека таа тема ниту еднаш не била спомната во утринскиот телефонски разговор со претседателот.

„Не знам дури ни што значи тоа“, кажа Куомо не криејќи го своето изненадување, и додаде: „Не знам ни како тоа законски може да се спроведе“.

Сојузната американска држава Њујорк е во далеку најтешка сотиација во епидемијата на коронавирусот во Соединетите Држави, со 52.318 заразени и 728 смртни случаи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top