Трамп најави продажба на борбени ловци на заглавената во долгови Грција

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека неговата администрација го информирала Конгресот за можна продажба на борбени ловци на Грција во вредност од 2,4 милијарди долари, за обноввање на застарените Ф-16 на фрчките воздухопловни сили..

Трамп ова го кажа откако ја потврди посветеноста на САД на грчкото економско заздравување денес во Белата куќа, по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас кој не штедеше негативни коментари за Трамп за време на претседателската кампања во 2016.

Американскиот претседател истакна дека Грција „минала низ многу“ за време на економската криза, но вети дека САД ќе ѝ помогнат во спроведувањето на обврските за враќање на долговите.

„Американскиот народ стои со Грците додека тие заздравуваат од економската криза која неодамна ја погоди нивната нација“, кажа Трамп. „Силна и развиена Грција отвора големи шанси за американската трговија, инвестиции и отворање работни места“.

За време на заедничката прес конференција, Ципрас беше прашан за негативните коментари за Трамп за време на претседателската кампања во 2016, кога грчкиот премиер предупреди дека Трамп претставува „збир од лоши идеи“.

Ципрас се насмевна по прашањето за неговите коментари, по што Трамп се пошегува: „Посакувам да го знаев ова пред мојот говор“.

Американскиот претседател истакна дека Грција е една од членките на НАТО кои трошат најмалку 2 отсто од својот БДП за војската, клучно прашање за него. Тој истакна и дека потенцијалните грчки милијарди за обновување на военото воздухопловство би генерирале илјадници работни места во САД.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top