Трамп навести посредување во турско курдскиот спор

Американскиот претседател Доналд Трамп навести можност од американско посредување во судирот меѓу Турција и Курдите, по почетокот на турската воена операција на североистокот на Сирија.

„Имаме избор меѓу три работи: да испратиме илјадници војници заради воена победа, силно финансиски да удриме врз Турција или да посредуваме за да се постигне спогодба меѓу Турција и Курдите“, напиша Трамп на Твитер. 

Во меѓувреме, илјадници луѓе ги напуштиле нивните домови, а десетина биле убиени од почетокот на турската акција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top