Трамп: Не сакам да ја слушам снимката од убиството на Кашоги, тоа е снимка на страдање

Доналд Трамп изјави денес дека му е достапна аудио снимката од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, но не сака ја слуша „насилната“ содржина на снимката, и покрај се поголемиот притисок да ја казни Саудиска Арабија поради убиството..

„Имаме снимка, но не сакам да ја слушам... бидејќи тоа е снимка на страдање“, изјави Трамп за телевизијата Фокс њус.

Американскиот претседател рече дека му е пренесено сѐ што содржи снимката.

„Точно знам што се случило... Тоа е многу насилно, многу злобно и ужасно“, додаде Трамп.

Кашоги (59) е убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, каде што отишол по документи за венчавка со турска државјанка.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top