Трамп очекува нова средба со Ким Џонг Ун во јануари или февруари

Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека неговата следна средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун веројатно ќе се случи во јануари или февруари..

Се разгледуваат три локации за средбата, им кажа американскиот претседател на новинарите во претседателскиот авион при враќањето во Вашингтон од самитот Г20 во Аргентина.

„Мислам дека ќе го направиме тоа... во јануари или во февруари“, кажа Трамп.

Американскиот претседател кажа дека тој и Ким многу добро се сложуваат и дека имаат „добар однос“ и додаде дека во одреден момент би сакал да го покани Ким Џонг Ун во САД.

Преговорите меѓу САД и Северна Кореја за прекинување на севернокорејската нуклеарна програма изгледаат како да се на пауза откако Трамп и Ким го одржаа историскиот самит во Сингапур во јуни.

Двајцата лидери тогаш се обврзаа на „денуклеаризација“ на Корејскиот Полуостров, но во многу општи формулации без прецизирање како очекуваат тоа да се оствари.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top