Трамп: Одличен состанок со Ким, тој изгледа добро и многу здраво

Доналд Трамп по трет пат се сретна со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун.

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша дека имал одличен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и дека тој изгледа добро и многу здраво.

Тој очекува да го види повторно многу брзо.

– Во меѓувреме, нашите тимови ќе се сретнат и ќе работат на некои решенија за долготрајни проблеми. Нема брзање, сигурен сум дека ќе стигнеме каде што сакаме – напиша Трамп на Твитер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top