Трамп опомена еден народ дека може се да изгуби

Американскиот претседател, ДоналдТрамп порача на војската на Венецуела дека ако продолжат да го поддржуваат претседателот Николас Мадуро, сѐ ќе изгубат..

Тој вели дека треба „да дејствуваат кон демократија“ или ризикуваат да изгубат сѐ што имаат.

„Соединетите Држави знаат каде воените команданти и нивните семејства ги кријат парите по светот“, откри Белата куќа во најава на обраќањето на Трамп.

Белата куќа објави и дека актуелниот пат на Венецуела кон демократијата е неповратен и дека „воените лидери имаат јасен избор.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, од кого Вашингтон бара да отстапи од функцијата, одбива да овозможи пристап на хуманитарната помош која се трупа во Кукута, колумбискиот град на границата на двете земји.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top