Трамп писмено го извести Конгресот дека ќе ја нападне Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп писмено го извести Конгресот за одлуката за американските ракетни напади врз Сирија..

Според американски закони, претседателот е должен да го извести Конгресот во рок од 48 часа за такви акции.

Во писмо испратено вчера до лидерите на Конгресот, Трамп нагласува дека спроведувањето на воената акција е одговор на користењето хемиско оружје од страна на сириската Влада, вклучително и нападот од 7 април во градот Дума кој предизвикал многу цивилни жртви.

Американскиот претседател наведува дека дејствувал согласно уставните овластувања во интерес на националната безбедност и надворешната политика на САД со цел „стабилност во регионот, запирање на крвопролевањето и спречување на ширење хемиско оружје, како и спречување на хуманитарната катастрофа во регионот“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top