Трамп повика на зголемена контрола при купување оружје

Претседателот ги осуди масовните пукања во државата и идеологијата на фаворизирање на белата раса.

Претседателот на САД Доналд Трамп вети дека ќе делува итно, реагирајќи по масовните пукања низ државата, јасно осудувајќи ги белите супремацисти и повикувајќи на зголемена контрола на секој што купува оружје.

Трамп не поддржува опсежна легислатива за контрола на оружјето, ниту пак одговори на критиките дека неговата антиимиграциона реторика придонесува за токсична атмосфера.

„Нашата држава мора да осуди расизам, нетолеранција и фаворизирање на белата раса“, изјави Трамп денес од Белата куќа, укажувајќи на омразата и сомнежите за поврзаност на белите мажи во неделното пукање во продавница на „Вомарт“ во град во Тексас, на границата со Мексико.

„Овие идеологии мора да бидат поразени. Омразата нема место во Америка“, рече тој.

Во неговото обраќање тој укажа и на психичките проблеми, насилството и видео игрите како опасност за потенцијални масовни пукања.

Тој се очекува на крајот на неделата да ги посети градовите Ел Пасо и Дејтон, каде викендов беа убиени 30 лица, а десетици други беа повредени.

И неговото планирано патување во Флорида неделава беше одложено.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top