Трамп призна дека син му се сретнал со Русите за да добие информации за Хилари Клинтон

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека неговиот син се сретнал со руски претставници во 2016 година во Trump Tower за да добие информации за противкандидатката на претседателските избори Хилари Клинтон..

Трамп наведе дека средбата била „потполно легална“ и дека такви работи „постојано се случуваат во светот на политиката“, пренесува CNN.

Тој претходно тврдеше дека на тој состанок се разговарало за посвојување деца од Русија.

Претседателот на САД на Twitter ги демантираше објавите на некои американски медиуми дека бил загрижен дека неговиот најстар син Доналд Трамп Јуниор би можел да се најде во неволја поради средбата со Русите.

Трамп уште еднаш потврди дека тогаш не знаел ништо за тој состанок.

„Лажни вести, измислици дека сум бил загрижен за состанокот на мојот прекрасен син Доналд во Trump Tower. Тоа бил состанок за да се добијат информации за противникот, потполно легален... Не знаев за него!“, напиша Трамп на Twiiter.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top