Трамп прогласи вонредна состојба во Флорида

Поради ураганот ,,Доријан” , што ќе удри во понеделник и во вторник на Флорида со јачина од 4. категорија , претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба..

Трамп предупреди дека ураганот би можел да биде „апсолутно чудовиште“, пренесува АП.

Американскиот претседател им нареди на американските сојузни власти да им помогнат на локалните власти на Флорида во одбраната од ураганот.

АП потсетува дека невремето се очекува да достигне катастрофална категорија 4 и да го погоди брегот на Флорида доцна во понеделник или рано во вторник.

Трамп го откажа патувањето во Полска закажано за викендов за да остане во Вашингтон и да ја следи ситуацијата со ураганот.

Националниот центар за урагани во Мајами предупреди дека Доријан е „исклучително опасен“ и претставува значителна закана за Флорида и северозападниот дел на Бахамите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top