Трамп: Путин повтори дека не се мешал во изборите во САД

Путин наводите за мешање во минатогодишните американски претседателски избори ги окарактеризира како „бесмислени.“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повторил дека не се мешал во минатогодишните избори во САД. Трамп и Путин денска се сретнаа на маргините на самитот на азиско-пацифичката економска соработка во Дананг, Виетнам.

„Можете да го прашувате колку сакате, но тој рече дека апсолутно не се мешал во нашите избори“, изјави Трамп.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top