Трамп размислува за антимонополски мерки против интернет гигантите

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Си-Ен-Би-Си ги коментираше антимонополските истраги и делата на европските регулатори против американски технолошки компании како Гугл и Фејсбук..

Тој истакна дека тоа се „големи компании“, но кога станува збор за концентрација на моќ и монопол, „навистина нешто слично се случува во големите интернет гиганти“.

Претседателот смета дека страничен ефект од сите случаи и казни кои Европа им ги наметнува на технолошките компании, како што е Гугл, се огромните суми пари кои влегуваат во касата на ЕУ. 

– Ние исто така треба да правиме како нив, рече Трамп, според кого ЕУ во случаите против технолошки гиганти гледа лесен начин да заработат пари. – Мислам дека ситуацијата е лоша. Тие ги напаѓаат нашите компании, но таму навистина се случува нешто во однос на монополот, рече Трамп. 

Европската комисија му наложи на Гугл антимонополски парични казни од 9,5 милијарди долари од 2017 година. 

Фејсбук исто така е објект на истрага во многу европски земји, особено по воведувањето на Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). 

Трамп сепак истакна дека пристапот на американското правосудство кон големите технолошки компании би бил различен од оној на европските регулатори


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top