Трамп: Русија и Саудиска Арабија ќе мора да го намалат производството на нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува Саудиска Арабија и Русија да го намалат производството на нафта, сигнал дека би можела да заврши енергетската војна меѓу двете земји и цените да се искачуваат на претходните нивоа..

Трамп на Твитер објави дека разговарал со престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, кој потоа разговарал со Кремљ.

Двете страни ќе го намалат производството за 10 до 15 милиони барели, според американскиот претседател. Цената на нафтата се зголеми за скоро 47 проценти од објавувањето, според „Фајненшал тајмс“.

Саудиска Арабија, најголемиот извозник на нафта во светот, последователно повика на вонреден состанок на производителите за стабилизирање на глобалниот пазар.

Но, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за ТАСС дека претседателот Владимир Путин неодамна разговарал со Бин Салман, по што повторно паднале цените на бензинот.

„Не, немаше таков разговор“, истакна Песков.

Нафтената војна меѓу Москва и Ријад драстично ја намали цената на енергијата, која веќе е намалена со намалената побарувачка заради пандемијата на коронавирус.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top