Трамп: САД не барале дијалог со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не барале да започнат дијалог со Иран и додаде дека Техеран треба да го направи првиот чекор ако сака да разговара со Вашингтон..

„Медиумите на лажни вести како и обично објавија погрешна информација според која САД се обиделе да покренат разговорож со Иран“, напиша Трамп на Твитер, наведувајќи дека таа информација била лажна. 

„Во чекањето нивното стопанство продолжува да се влошува, што е многу тажно за иранскиот народ“, наведува Трамп. 

Односите меѓу Вашингтон и Техеран се заострија во последниве десетина дена по објавата за јакнење на американското воено присуство на Блискиот Исток поради ирански закани.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top