Трамп: САД се повлекува од нуклеарниот договор со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје, бидејќи Русија го прекршувала овој договор..

Иако не понуди пример за тоа како Русија го прекршува овој договор, сепак Трамп изјави „Русија го прекршува договорот, тие го кршат со години”,посочи америкнаскиот претседател по митингот во саботата во Елк, Невада, каде што рече дека САД „нема да им дозволат на Русите да прекршат нуклеарен договор”.

Договорот за уништување на проектили од среден дострел од 1987 година го забранува производството, тестирањето и распоредувањето на нуклеарните и конвенционалните проектили во опсег од 500 до 5500 километри и се однесува на балистички и крстосувачки проектили кои се лансираат од земја.

Како што посочи Трамп, договорот ги ограничувал САД да развиваат ново оружје, но Америка ќе почне да развива, освен ако Русија и Кина не се изјаснат дека нема да поседуваат или да развиваат оружје.

Кина не е дел од тој договор, соопшти американската агенција.

Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, треба да пристигне во Москва, по што ќе ги посети Азербејџан, Ерменија и Грузија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top