Трамп: Се ближиме до крајот на трговската војна

Тој додаде дека ќе бидат потребни пет недели за изготвување на текстот на договорот..

САД и Кина се многу блиску до крај на трговската војна, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој пред новинарите по средбата со кинескиот вицепремиер Лиу Хео во Вашингтон изјави дека САД и Кина постигнале значајна прва фаза од трговскиот договор, постигнувајќи договор за интелектуалната сопственост, финансиските услуги и големите земјоделски набавки.

Трамп додаде дека ќе бидат потребни пет недели за изготвување на текстот на договорот.

Американската агенција „Блумберг“ претходно објави дека САД и Кина успеале да постигнат делумни договори од областа на трговијата, со цел да се стави крај на трговската војна меѓу двете земји.

Во извештајот на агенцијата се вели дека договорите содржат размени во областа на кинеските земјоделски набавки и некои намалувања на царините на САД.

Делумните договори ќе претставуваат основа за поширок договор, кој се очекува да биде потпишан подоцна во оваа година.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top