Трамп се налути и ја откажа посетата во Данска бидејќи одбија да му го продадат Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ја откажува својата средба со данската премиерка Мете Фредериксен, откако скандинавската лидерка јасно порача дека нема да разговара за продажба на Гренланд на САД, пишува европската редакција на Политико.

„Премиерката успеа да заштеди многу трошоци и напори како за САД, така и за Данска, со тоа што беше толку директна“, напиша вчеравечер Трамп на Твитер . „И благодарам за тоа и со нетрпение очекувам некогаш во иднина да се видиме!“

Трамп беше поканет од кралицата Маргрет II да ја посети Данска, како дел од неговата поголема турнеја низ Европа, но портпаролот на Белата куќа за Политико изјави дека Трамп не планира да ја посети земјата, како што беше предвидено.

Трамп во соопштение за време на викендот потврди дека е заинтересиран за купување на Гренланд, но изјави дека тоа не е приоритет за неговата администрација.

„Вол стрит џорнал“ уште во петокот првично соопшти за интересот на Трамп за ваков исход, што доведе до реакции во Вашингтон и гнев во Данска и Гренланд, коментира Политико.

Фредериксен изјави дека е тоа „апсурдно“ и дека премиерката на Гренланд Ким Килсен јасно кажа дека Гренланд не е на продажба.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top