Трамп се обидел да ја поништи истрагата на ФБИ за врските со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидел да ја поништи истрагата на ФБИ за врските на екс советникот за национална безбедност Мајкл Флин со Русија.

Тоа, според медиумите, го сторил на средбата со тогашниот директор на ФБИ Џејмс Коми веднаш откако влегол во Белата куќа. Коми во минатата недела беше отпуштен од претседателот Трамп. 

Белата куќа веднаш демантира дека Трамп побарал од Коми да ја прекине истрага, потег на кој може да се гледа како обструкција на правдата, односно како кривично дело.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top