Трамп се закани со уништување на економијата на Турција, ако ги нападне Курдите

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ упати во понеделникот остро предупредување на Турција, заканувајќи се дека ќе ја уништи нејзината економија доколку Анкара „оди предалеку“ преземајќи воен удар во Сирија..

Трам се закани дека „потполно ќе ја уништи и збрише турската економија“, доколку турската армија преземе акција во Сирија што го смета за „пречекорување на гранциата“, по неговата одлука од неделата да ги повлече американските сили од североисточна Сирија.

Повлекувањето на американските трупи ќе ги остават ранливи курдските сили во Турцина, кои се сојузници на САД и нивните западни партнери, на можен воен напад од Турција. Курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) кои Анкара ги смета за терористичка организација блиска на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).

Острите остри зборови дојдоа истовремено со информацијата дека турската авијација го бомбардирала во понеделникот штабот на курдските сили кои влегуваат во составот на арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF) во градот ал-Маликија во североисточната сириска провинција Хасека. Исто така, тие треба да ги примири критиките на неговите противници во САД, кои велат дека ги оставил без заштите курдските сојузници.

„Како што претходно изнесов и само повторувам – доколку Турција стори нешто што сметам дека е надвор од границата, потполно ќе ја уништам турската економија (тоа веќе го правев)“, порача Трамп во еден од своите твитови.

„Долги годинми сме присутни во Сирија. Се претпоставуваше дека тоа ќе биде краткотрајна задача“, рече американскиот претседател. Според Трамп, во „малиот сектор“ каде што Турција ја започнала операцијата има 50 американски војници.

„Не сакам тие да бидат ранети или убиени, или да им се случи нешто. Му кажав на претседателот Ердоган: Ако повредите некој од нашите луѓе ќе се соочите со големи проблеми“.

Како што истакна американскиот претседател, врз Анкара се врши доволен притисок. „Труција се бори со Работничката партија на Курдистан, тие се мразат едените со другите…. Но јас ѝ реков на Турција дека доколку направа нешто нехумано, ќе се соочат со закана од економски колапс“, порача Трампа.

Подоцна во Белата куќа, Трамп ја изјавил дека во телефонски разговор го предупредил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека Турција ризикува „крајно десеткована економија“, доколу во Сирија се однесува на начин „кој не е хуман“.

Ердоган во Анкара по телефонскиот разговор со американскиот претседател претходно седмицава рече дека планира да се сретне со Трамп во Вашингтон во првата половина на ноември. Најави дека двајцата ќе разговараат за плановите за „безбедната зона“ во Сирија и изрази надеже дека во текот на посетата на САД ќе го реши спорот околу набавката на борбените авиони „F-35“ која е стопирана поради набавката на руските противвоздушни системи „С-400“.

Водечките пратеници на Претставничкиот дом и на Сенатата на американскиот Конгрес и од деморкатите и од републиканците ја осудија одлуката на Трамп да ги повлече трупите од Сирија. И неговиот поддржувач, републиканскиот сенатор Линдси Греам, кој за Fox News рече дека „никогаш не беше во интерес на националанта безбедност напуштање на сојузниците кои ни помагаа во борбата против Исламската држава“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top