Трамп со нова закана кон Иран: Ќе ви ја збришеме државата!

Ако тргнете во војна против нас, ќе ви ја збришеме државата, се закани американскиот претседател, Доналд Трамп..

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна , но го предупреди Иран дека ќе се соочи со целосно уништување доколку дојде до судир.

Тој вчера во ТВ интервју рече дека САД се отворени за разговор , но нема да му дозволат на Иран да развива нуклеарно оружје.

Трамп во интервјуто објасни и дека ги повлекол авионите , непосредно пред нападот на Иран само зошто сметал дека 150 можни жртви на иранска страна не се пропорционални на уривање американски  дрон без екипаж.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top