Трамп собра речиси 25 милиони долари за неколку часа, демократите многу помалку

Американскиот претседател Доналд Трамп собра речиси 25 милиони долари во донации во првите неколку часа по објавувањето на вториот претседателски мандат, значително надминувајќи ги противниците од Демократската партија..

Трамп во вторникот од Флорида објави дека тргнува во предизборна кампања за нов мандат.

Меѓу демократите, поранешниот американски потпретседател Џо Бајден собрал нешто повеќе од 6 милиони долари во првите 24 часа по објавувањето на кандидатурата, а сенаторот Берни Сандерс собра речиси 6 милиони долари во истиот период.

Њујорк тајмс објави дека Бајден досега собрал речиси 20 милиони долари од почетокот на кампањата во април.

Изборите се одржуваат во ноември 2020 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top