Трамп твитна - Северна Кореја повеќе не е нуклеарна закана

Американскиот претседател се огласи на Твитер.

Американскиот претседател Трамп на состанокот со неговиот севеноркејски колега Ким џонг Ун се согласил на постепена денуклеаризација на Корејскиот Полуостров се вели во официјалното соопштение на Пјонгјан објавено по  вчерашните разговори во Сингапур. 

Во соопштението се додава и  дека разговорите поминале многу добро и дека лидерите се договориле идните средби  да ги одржуваат во нивните земји.  

Од Вашингтон се огласи и амирканскиот претседастел. Во Твитер пораката Трамп напиша дека состанокот со Ким бил за него интересно  и позитивно искуство  и дека Северна Кореја повеќе не е нуклеарна закана.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top