Трамп во Калифорнија ги посети прототипите за ѕидот кон Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Сан Диего во Калифорнија, каде што ги разгледа прототипите на ѕидот што сака да го подигне на границата со Мексико..

Осум прототипови на ѕидот, високи околу девет метри, се подигнати во близина на мексиканската граница и служат како модели на ѕидот што Трамп сака да го изгради.

Колоната на Трамп беше пречекана од противници и поддржувачи на претседателот.

Двете групи ги делеа голем број полицајци во заштитна опрема, но протестите поминаа мирно.

Демонстрантите извикуваа „Не ѕид“ и „Не забрана“. Друг носеше знаме, а трети покажуваа среден прст, пренесе АП.

Трамп рече дека граничниот ѕид е „навистина прва линија на одбраната“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top