Трамп за Ким: Се заљубивме еден во друг

Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека тој и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „се заљубиле“ еден во друг, иако претходно се заканувале..

– Ми пишуваше убави, извонредни писма. Меѓу нас се роди љубов, изјави синоќа Трамп во обраќање на преизборен собир во Вирџинија.

Трамп во шега наведе дека медиумите сега ќе го критикуваат поради коментар што некои ќе го сметаат за непримерен за претседател.

- Доналд Трамп рече дека се вљубиле. Колку ужасно ама само колку ужасно. Толку непретседателски. 

Тој додаде дека сите негови напори да ги подобри односите со Ким ги оттргнале двете држави од раб на војна – прекин на ракетните проби, осободување заложници и враќање посмртни останки од американски војници.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top