Трамп: За омразата нема место во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди двата смртоносни напади во Охајо и Тексас, во кои беа убиени најмалку 29 луѓе, порачувајќи дека за омразата нема место во САД..

„Ќе се позанимавама со тој проблем“ им рекол на новинарите во Њу Џерси и нагласил дека разговарал со државниот обвинител, директорот на ФБИ и членови на Конгресот и дека во текот на денот повторно ќе се огласи по ова прашање.

Во нападот во државата Дејтон, во Охајо, напаѓачот, кој беше идентификуван како Конор Бетс (24), уби деветмина и рани 26 луѓе. Меѓу убиените е неговата сестра, Меган Бетс.

Пукањето во Охајо се случи само неколку часа по смртоносниот напад во Тексас, каде беа убиени 20, а ранети 26 лица.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top