Трамп за самитот со Ким: Ќе се состанеме после изборите на 6 ноември, сега навистина не можам

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот втор самит со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун ќе биде одржан после изборот за Конгрес и Сенатот на 6 ноември..

"Едноставно не можам сега да одам", рекол Трамп обраќајќи им се на новинарите додека леташе за сојузната американска држава Ајова каде имаше политички митинг. 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео додека беше во Сеул изјави дека за време на викендот направен е "значаен напредок" во разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и дека и двете страни се прилично блиску до постигнување договор за вториот самит на двајцата претседатели.

Тој на новинарите пред доаѓањето во Пекинг им рекол дека Ким е подготвен да дозволи меѓународни инспектори кои ќе имаат пристап до полигоните за нуклеарни тестирања на ракетните мотори веднаш штом се постигне договор за начинот на кој би се одвивала таа проверка.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top