Трансфер-пазарот ќе гори летово: Реал ќе го смени Роналдо со две мега-ѕвезди

Актуелниот европски првак Реал Мадрид е одлучен во намерата повторно да има силен тим и покрај се поизвесното заминување на Кристијано Роналдо..

Шпански медиуми тврдат дека на местото на Португалецот ќе дојдат две мега-ѕвезди кои годинава ќе бидат и во трката за Златната топка. Првиот е Еден Азар кој игра одлично Светско првенство, а вториот Мауро Икарди од Интер.

Ако за Аргентинецот е речиси неверојатно да се пресели на “Бернабе”, трансферот на Азар се чини сосема реален. Челси во новата сезона нема да игра во Лигата на шампионите, а тоа е амбиција на најдобрите фудбалери во светот.

“Сините” најверојатно ќе имаат и нов менаџер, а Азар уште одамна изјави дека пешки би тргнал за Мадрид.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top