Трансферите на Јунајтед и Ливерпул кои дополнително го налутија Конте со Абрамович

Иако минатиот мај Челси ја освои титулата во Премиерлигата, сепак на тренерот Антонио Конте не му беа овозможени посакуваните трансфери..

Јавна тајна во Англија е дека тој ги посакуваше Ромелу Лукаку и Виргил Ван Дајк, но Абрамович не сакаше да фрли скоро 180 милиони евра на овие двајца играчи, по што тие двајца побегнаа прво Лукаку во Манчестер Јунајтед а оваа зима и Ван Дајк во Ливерпул.

Како што е веќе познато, пред неколку дена на пресконференција, Конте меѓу редови ги критикуваше своите во клубот, односно сопственикот на Челси, за погрешниот чекор кој го направиле по освоената титула.

Треба да се доведат 2-3 играчи, а не 5-6 како ние што правиме“, беше пораката на Конте пред некој ден, а сега британските весници откриваат што се крие всушност зад таа мисла.

Конте бил доста лут на Абрамович што не му ги исполниле овие две трансфер желби, а тоа што овие двајца преминаа во Јунајтед и Ливерпул, дополнително го изиритирал Антонио Конте.

Но освен овие двајца, Абрамович не успеа да му ја исполни и другата трансфер желба на Конте, Леонардо Бонучи од Јувентус.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top