Tренерот на Еибар: Дали ќе игра Меси против нас? Не е важно, тој секако се одмара кога е на терен

Фудбалерите на Еибар кои се наоѓаат на 16. позиција во Примера, утре гостуваат на „Камп Ноу“ во рамките на 25. коло, каде важат за апсолутни аутсајдери..

Но тренерот на гостинската екипа, Хосе Луис Мендилибар, не верува во такви приказни, односно не сака пред време да си ги одземе шансите за добар резултати.

„Не мислам дека ќе го одмараат Меси, тој тип се одмара додека настапува. Знае кога треба да тргне и да учествува во играта, а кога да се одмара за време на мечот. Ако му дадете слободен ден, мислам дека повеќе ќе се замори гледајки го натпреварот од трибини, а тоа за него знае да биде лошо“.

„Игравме во Купот на кралот против Барселона на „Камп Ноу“, тоа утро се појави информација дека Меси нема да игра наводно, дека имал стомачни проблеми. По ручекот, кажано ни е дека е повикан и дека ќе биде дел од екипата. За време на натпреварот, додека губевме со 2:0, видов дека Меси се загрева, влезе во игра, постигна два гола и ние на крајот загубивме со 4:0“, рече тренерот на Еибар.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top